Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Обвинителството да го повика Мицкоски на сослушување за информациите за дестабилизација

-Мицкоски од вчера молчи на повициите на СДСМ и претседателот Филипче да ги објави наводните информации за дестабилизација на државата од страна на политичка партија, рече во одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

-Доколку Мицкоски вистински поседува информации тој е должен итно да ги информира институциите, зошто тоа не го прави?

Премиер кој кажува дека има информации за нарушување на безбедносната состојба и мирот во земјата, а ништо не презема околу тоа е директен соучесник на евентуално сценарио.

Доколку тоа го прави само а да ги заплаши граѓаните и да манипулира со нивните чуства обидувајќи се да ја смени темата од скандалите кои ја пратат неговата влада, тогаш станува збор за човек кој му мисли лошо на својот народ.

Секоја најава за дестабилзиација значи грч за граѓаните, грч за економијата, страв и тензија во општеството. Доколку тоа Мицкоски го прави без основа и без да преземе конкретни чекори, Мицкоски е тој што дестабилизира.

Бараме итно да се произнесе прецизно по ова тврдење, бараме Силјановска Давкова да го свика Советот за безбедност ако е воопшто конституиран. Бараме обивнителството да покрене истрага и да го викен Мицкоски на сослушување, изјави Кузеска.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Алта Банка нема да банкротира на брутален начин како Еуростандард неколку дена по подигнувањето на пари од страна на министер од СДСМ

ДЕСК

ДРАМА ПРЕД МАРКЕТ ВО ТЕТОВО – 39-годишен маж викал и се однесувал агресивно, интервенирала полицијата

ДЕСК

Мицкоски објави документ од владина седница од 2023 година во кој тогашната влада одобрила Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка на Мацура

ДЕСК