Centar.mk
СВЕТ

Јадранското Море станува тропски топло со температури од 30 степени

Јадранското Море на италијанска страна годинава во јули достигна рекордна температура од 30 степени, а во некои делови и повеќе, што доведе до исчезнување одредени видови риби.

Според „Гардијан“, топлината на морето и слабите струи придонеле за широко распространета пролиферација, особено во северните и централните области на Јадранот, на муцилагин или слуз, густа, лигава бело-жолта супстанција формирана од разни микроалги што се акумулира на морското дно.

Оваа слуз е релативно уникатна за Јадранот на италијанската страна и има тенденција да се акумулира повеќе кога морето не добива доволно хранливи материи од реката По, која се влева во Јадранот на север.

Последен пат оваа супстанција толку значително се појавила во 1989 година, особено во водите на крајбрежните градови во регионот Емилија-Ромања, поради што туристите заминуваат.

Таа е многу опасна за риболов, ги блокира рибарските мрежи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Маѓар постави услов за деблокада на патот на Украина кон ЕУ

C +

Украина: Бродот со украденото жито нема да го истовари товарот во Израел

C +

Трамп: Италија не беше од никаква помош, а Шпанија е апсолутно ужасна

C +