Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

ОЈО Скопје ќе предложи спојување на постапките за обвинети за грабнување и свирепо убиство на две лица

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје достави известување за завршена истрага до првоосомничениот за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

-Со ова тече законскиот рок на одбраната да изврши увид во доказите. По истекот на овој рок и поднесување обвинение, јавниот обвинител ќе предложи спојување на судските постапки против вкупно петмина обвинети за овој кривично-правен настан, бидејќи постојат законските основи предвидени во член 28 од Законот за кривична постапка. Со цел да се овозможи единственост на постапката, обвинителството ќе побара одлагање на рочиштето закажано за 30-ти јули против четворицата претходно обвинети.

Истражната постапка е завршена и за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело. Постапката против него ќе се води одвоено, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Алта Банка нема да банкротира на брутален начин како Еуростандард неколку дена по подигнувањето на пари од страна на министер од СДСМ

ДЕСК

ДРАМА ПРЕД МАРКЕТ ВО ТЕТОВО – 39-годишен маж викал и се однесувал агресивно, интервенирала полицијата

ДЕСК

Мицкоски објави документ од владина седница од 2023 година во кој тогашната влада одобрила Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка на Мацура

ДЕСК