Centar.mk
СВЕТ

Бајден во обраќањето до нацијата: Палката ја оставам на помладите заради обединување

Американскиот претседател Џо Бајден и се обрати на нацијата за прв пат откако се откажа од трката за реизбор, ја поддржа својата потпретседателка Камала Харис и истакна дека ја „дава палката“ на помладите генерации бидејќи верува дека тоа е најдобар начин за обединување на американските граѓани.

„Решив дека најдобар начин е да ја префрлам палката на новата генерација. Ова е најдобриот начин да се обедини нашата нација“, рече тој.

Бајден истакна дека ја почитува институцијата претседател, но дека повеќе ја сака својата земја, како и дека верува дека одбраната на „загрозената“ демократија е поважна од која било функција, пренесува Гласот на Америка./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Девојче на 14-годишна возраст е најмалата жртва во пожарот кој избувна за време на новогодишната ноќ во Швајцарија

C +

Идентификувани 11 жртви од пожарот во Кран Монтана, меѓу нив е и детето од Македонија по кое се трагаше

C +

Мадуро префрлен во притворскиот центар во Њујорк

C +