Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево и многу топло време, температури до 42 степени

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степени. UV=9

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност.Во околните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Во следните два дена ќе се задржи многу топло време со максимални температури кои го дефинираат портокаловото ниво за опасност од високи температури.

Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура од сабота ќе опадне за 3-4 степени во споредба со денешната/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Денес пороен дожд, грмежи и силен ветер во повеќе делови

ДЕСК

ТЕТОВЕЦ ПРИВЕДЕН ПО ОБИД ЗА РАЗБОЈНИШТВО: Со пиштол барал пари во угостителски објект – бил пијан

ДЕСК

ПО СОНЧЕВИТЕ ПЕРИОДИ ДОАЃА ПРЕСВРТ: Следува НЕВРЕМЕ проследено со дожд, грмежи и засилен ветер

ДЕСК