Centar.mk
РЕГИОН

Мажи од такси возило пукале кон полицајци во Србија, еден убиен: напаѓачот се бара и со хеликоптер

Синоќа имало пукање во Лозница, град на западот на Србија. Се се случило при рутинска контрола на такси возила од страна на припадници на сообраќајната полиција, пренесува Телеграф.

Од таксито кон полицајците биле испукани неколку истрели. Еден од полицајците од здобиените рани починал, додека другиот е тешко повреден.

„Во таксито имало странски државјани, кои пукале во сообраќајната полиција“, изјави за Регионалната информативна новинска агенција (РИНА) извор запознаен со случајот.

„Според првите информации од терен, во таа пресметка еден полицаец починал од здобиените повреди, додека друг припадник на полицијата се здобил со тешки физички повреди, но е во стабилна состојба“, додаде изворот.

Едниот од осомничените наводно бил приведен на местото на настанот, а по другиот интензивно се трага. Во потрагата се вклучени и полициски хеликоптери.

На терен голем број припадници на српското МВР работат на расветлување на целиот случај./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БУГАРИЈА ПЛАНИРА 245 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ЗА СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА – Во фокус семејствата и децата

ДЕСК

ГРЦИЈА ДЕНЕСКА ОБЈАВИ НОВ ПОВИК – Се бараат тројца кандидати за Комисијата за конкуренција

ДЕСК

ДЕНЕСКА ВО 14 ЧАСОТ СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ДРЖАВНА СЛУЖБА – Црна Гора го објави распоредот на кандидатите

ДЕСК