Centar.mk
СВЕТ

Седум загинати во пожар во станбена зграда во Ница

Седум лица загинаа во пожар што избувна во станбена зграда во Ница во југоисточна Франција во ноќта кон четвртокот, соопштија пожарникарите.

Се уште не е познато што го предизвикало пожарот кој избувнал на седмиот кат од зграда во квартот Мулнс во работничкиот дел на градот.

„И покрај големите напори, за жал седум лица загинаа при пожарот“, соопштија од итните служби. Три лица итно се префрлени во болница.

Во гаснењето на пожарот учествувале 72 пожарникари./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ЈА ПЛАНИРА ИДНИНАТА НА ДРОНОВИТЕ – Денеска започнува дводневен самит во Брисел

ДЕСК

ВАЖЕН ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ЈУЖЕН СУДАН – Отворен првиот регистар за заболени од рак

ДЕСК

УКРАИНА ПОВТОРНО ПРЕД СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН – Денеска закажан состанок во Њујорк

ДЕСК