Centar.mk
РЕГИОН

Дачиќ: Ноќеска во Лозница брутално убиен полицаец на должност, уште еден тешко ранет

Во Лозница, Србија е убиен 34-годишниот полицаец Никола Крсмановиќ, а полицаецот Вјекослав Илиќ на 50-годишна возраст, е ранет во рамото.

Во нив неофицијално пукал 33-годишниот Хајзири Артан. Српската полиција започнала потрага по него, известуваат медиумите во Србија.

„Ноќеска, околу 00:55 часот во Лозница, при контрола на возило на пункт, полициски службеници од Граничната полициска станица Трбушница запреле мерцедес во кој имало две лица“, изјави српскиот министер Ивица Дачиќ.

При излегувањето од возилото, едно лице пукало од пиштол, погодувајќи го полицаецот Никола Крсмановиќ (34) во градите и полицаецот Вјекослав Илиќ (50) во рамото, по што побегнал.

На лице место полицијата го пронашла пасошот на осомничениот, издаден од институции во Косово на име Хајзири Артан (33), извести Дачиќ, пренесуваат српските медиуми.

Српската полиција интензивно трага по напаѓачот, на терен се полициски службеници од полициската управа Шабац, како и Управата за криминалистичка полиција, Управата за гранична полиција и припадници на Специјалната антитерористичка единица, подигнати се беспилотни летала и хеликоптери.

Истрагата на вишиот јавен обвинител од Шабац и припадници на полицијата е во тек.

„Во име на МВР и од мое лично име упатувам најдлабоко сочувство до семејството на убиениот полицаец“, рече Дачиќ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БУГАРИЈА ПЛАНИРА 245 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ЗА СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА – Во фокус семејствата и децата

ДЕСК

ГРЦИЈА ДЕНЕСКА ОБЈАВИ НОВ ПОВИК – Се бараат тројца кандидати за Комисијата за конкуренција

ДЕСК

ДЕНЕСКА ВО 14 ЧАСОТ СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ДРЖАВНА СЛУЖБА – Црна Гора го објави распоредот на кандидатите

ДЕСК