Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ нуди бесплатна правна помош за сите оштетени со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ

„Во државните институции ВМРО-ДПМНЕ спроведува груба партизација. Она што се случува се незаконски разрешувања и распределувања, но и незаконско стопирање на завршени постапки за нови вработувања“, соопштуваат од СДСМ.

СДСМ информира дека во рок од само неколку дена во МВР се распределени над 50 полициски службеници, дел и на раководни позиции, а еден таков пример е поранешниот диркетор на БЈБ кој е симнат за 10-тина нивоа подоле на ниво на самостоен инспектор во полициска станица.

„Има бројни примери и на отпуштања, после веќе завршени огласи за вработувања на нови кадри, неопходни за работа на институциите, незаконски се наоѓаат начини да не се реализираат. СДСМ ќе ги заштити обезправените од грубиот процес на партизација што сака да го наметне ВМРО-ДПМНЕ. Секоја среда, во 18.00 часот, во седиштето на партијата, сите може да дојдат и да добијат бесплатна правна помош и бесплатно застапување пред надлежните органи. Правниот тим на СДСМ е подготвен да поднесе кривчна пријава за сите основани случаи за кои постојат докази“, велат од СДСМ.

Извор: Novatv.mk

 

Можеби ќе ве интересира

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК

Николоски за стопирање на биометриските проверки кон Грција: Не треба да правиме маркетинг туку да ја завршиме работата

C +