Centar.mk
фото Влада
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Најпрво техничка вода, a потоа вода за пиење во Гостивар, одговорните ќе сносат последици

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата, изјави:

„Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. Важно е сега откако полека, но сигурно работата се презема, после летаргијата којашто ја имаше општината, од страна на државните институции да обезбедиме најпрвин техничка вода, а потоа и да обезбедиме вода за пиење. Останатиот дел, постапува Обвинителството, сите оние коишто се одговорни за ова ќе треба да бидат сослушани и нормално да се преземат мерки против истите. Веќе три лица се идентификувани како такви. Јас колку што знам, определени се мерки за обезбедување. Така што институциите како никогаш досега, во најбрзо време реагирале.“

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНИ НЕРАБОТНИТЕ ДЕНОВИ ЗА 2027 ГОДИНА – Пет продолжени викенди, два празника паѓаат во сабота, еве го целосниот список

ДЕСК

УЖАС: СЕМЕЈНА ДРАМА ВО СКОПЈЕ – 22-годишна жена пријавила дека сопругот ја нападнал и им ја зел малолетната ќерка

ДЕСК

ПРИЈАВЕНИ ФИЗИЧКИ НАПАДИ ВО СКОПЈЕ – Нападнат 61-годишен маж, во друг случај две малолетни деца

ДЕСК