Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Претрес во струмичко, приведено едно лице

На 17.07.2024 во 19.00 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М.(39) од село Василево, бидејќи кај него биле пронајдени амфетамин и марихуана, извести МВР.

-Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес и во неговиот дом во село Василево, при што биле пронајдени и одземени една тегла и неколку пакувања со марихуана, повеќе пакувања со амфетамин и една дигитална вага. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против Т.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Сашко Кедев највозрасен човек што ги освоил сите 14 осумилјадарки

ДЕСК

ИВА МИХАИЛОВА СО НОВА ИЗЈАВА ПО СНИМКИТЕ ОД БУГАРИЈА – Тврди дека никој не ја принудувал на ништо

ДЕСК

УШТЕ 11 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Возеле без положен испит, под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК