Centar.mk
БИЗНИС

Инфлацијата во ЕУ 2,6 отсто

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во јуни годинава изнесува 2,5 отсто, што е пад од 2,6 отсто во мај. Една година претходно, во јуни 2023 година, оваа стапка изнесуваше 5,5 отсто, објави Европскиот статистички институт – Евростат.

Во Европската унија, годишната инфлација беше 2,6 отсто во јуни 2024 година, наспроти 2,7 отсто во мај. Една година претходно оваа стапка беше 6,4 отсто.

Најниски годишни стапки се регистрирани во Финска (0,5 отсто), Италија (0,9 отсто) и Литванија (1,0 отсто).

Највисоки годишни стапки се забележани во Белгија (5,4 отсто), Романија (5,3 отсто), Шпанија и Унгарија (и двете од 3,6 отсто). Во споредба со мај 2024 година, годишната инфлација падна во 17 земји-членки, остана стабилна во една и се зголеми во девет.

Во јуни 2024 година, најголем придонес во годишната стапка на инфлација во еврозоната имаа храната, алкохолот и тутунот (0,48 п.п.) и неенергетските индустриски производи (0,17 п.п.)./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Реплек“ со раст на домашниот пазар од 20% во првиот квартал од годинава и зголемена дивиденда за 25%

ДЕСК

„Стандард и Пур“: Банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек

C +

Евростат: Луксембург најбогата европска земја, Македонија под просекот

C +