Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: Договорот со Бехтел и Енка беше исторски криминал за ВМРО-ДПМНЕ, а сега истиот ќе го реализираат

Додека ВМРО-ДПМНЕ беа во опозиција, за договорот со Бехтел и Енка, на големо кажуваа дека е историски криминал и дека е штетен. Се држеа и пресови, се одеше на терен, се крена голема прашина. Но, сега владата на Христијан Мицковски ќе го реализра истиот договор со Бехтел и Енка. Се што зборуваа падна во вода, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на гостувањто во дебатната емисија 24 Анализа.

-Ако тоа било исторски криминал за кој обвинуваше ДПМНЕ и според нив се работело нелегитимно, како тоа истиот Договор го реализираат? додаде таа.

Лукаревска се осврна и на Преспанскиот договор, за кој рече дека благодарение на одлуките на СДСМ, денес Македонија е рамноправна членка на НАТО алијансата.

-Благодарение на тој Преспански договор, во Вашингтон е сегашниот премиер и Владата како дел од НАТО самитот. А целата кампања на ДПМНЕ се движеше во делот на преговарачката рамка и Преспанскот договор и ветуваа на граѓаните дека ќе ги менуваат. Денеска велат дека Преспанскиот договор е нашата реалност. СДСМ носеше државнички одлуки и ова е потврда за исправноста на тие одлуки, рече пратеничката Сања Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

Прегазен 93 годишен пешак во Скопје, пренесен во болница

ДЕСК

Муцунски на средба со францускиот министер делегиран за Европа, Бенџамин Адад

C +

Мицкоски: Во транзицијата од многумина сиромашни, станаа малкумина екстремно богати, затоа има разочарување и иселување, но само дома си е дома

ДЕСК