23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жената на која ѝ беше трансплантиран бубрег од свиња почина во Америка

Лиза Писано, првата личност што добила механичка срцева пумпа и генетски едитиран свински бубрег, почина во неделата, соопшти NYU Langone Health, каде што била оперирана.

Нејзиниот бубрег бил трансплантиран на 12 април, но откажал поради ограничениот проток на крв и бил отстранет на 29 мај. Таа не беше првата личност на која ѝ беше извршена трансплантација на свински орган, но беше првата со механичка пумпа за срце, на која ѝ беше трансплантиран свински орган, пренесува Си-ен-ен.

„Таа беше храбра и алтруистичка“, рече во вторникот д-р Роберт Монтгомери, директор на Институтот за трансплантација NYU Langone.

„Придонесот на Лиза во медицината и хирургијата е непроценлив. Лиза нè донесе поблиску до иднината, во која некој не мора да умре за друг да живее“./Извор:Makfax