Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Од четврток до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +