Centar.mk
СВЕТ

Издадено предупредување за силно невреме во Грција

По продолжениот топлотен бран, Грција во следните два дена ќе се соочи со силно невреме, кое ќе биде придружено со силен дожд, грмежи и град, соопшти Националната метеоролошка служба.

Националната метеоролошка служба издаде итно предупредување за промена на временските услови во Грција

Исто така, беше посочено дека најинтензивно невреме се очекува в четврток и дека невреме ќе има во претежно планинските предели во централниот и северниот регион.

Температурата само малку ќе опадне и ќе се движи околу 30 степени. Западно-северозападен ветер со исклучителен интензитет се очекува на Јонското Море.

В четврток невремето ќе стигне до северниот дел на Егејското Море и кон копното на Грција. Подрачјата што ќе бидат зафатени се: Тракија, Халкидик, Тесалија, Споради, Стерија, Пенелопез и Евија.

На наведените места се очекува драстичен пад на температурите.

Предупредување за невреме е издадено и во Атика и Беотија.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита им препорачува на граѓаните да бидат внимателни и да ги преземат сите заштитни мерки. Посебно предупредување има за областите во кои се очекуваат обилни врнежи, бури и силен ветер.

Од петок се очекува разведрување и враќање на реалните летни температури, кои се очекуваат за викендот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА ОДОБРИ ПЛАН ЗА ДУРИ МИЛИОН САТЕЛИТИ – „СпејсИкс“ сака дата-центри во вселената

ДЕСК

НАЈМАЛКУ 30 ЗАГИНАТИ ВО СТРАШЕН ПОЖАР КАЈ КАИРО – Превртен камион со гориво предизвикал експлозија

ДЕСК

МЕРЦ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕД БУНДЕСТАГОТ – Германија планира поголеми одбранбени трошоци

ДЕСК