Centar.mk
СВЕТ

Голема воена вежба во Србија: 1.500 војници, беспилотни летала, оклопни транспортери, хеликоптери…

Српската армија ја изведува заедничката тактичка вежба „Огнен удар 2024“ на полигонот „Пасуљанска ливада“.

Се вежба извршување борбени дејства со употреба на беспилотни летала за извидување и огнена поддршка, соопшти српското Министерство за одбрана.

Општите цели на вежбата се подобрување на способноста за собирање и дистрибуција на разузнавачки податоци, зголемување на ефикасноста на огнената поддршка на современото бојно поле и проверка на функционалноста на организацијата и единиците на армијата.

Во вежбата учествуваат единици на копнената армија, воздухопловство, противвоздушна одбрана, сили за специјални операции и контраелектронско војување и експерти од Воено-техничкиот институт, јавува „Нова.рс“.

Беа ангажирани околу 1.500 војници и повеќе од 300 борбени средства, вклучително и оние што се во процес на модернизација, развој и тестирање.

Вежбата ќе трае две недели. Врз основа на вежбата ќе се утврдат ограничувањата и потребите за развој на нови тактички принципи, ќе се проверува можноста за заштита и одбрана од напади од воздушен простор и ќе се утврдат потребите за развој на нови софтверски и хардверски решенија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Крај на краткорочните изнајмувања станови за туристи во Шпанија, Airbnb казнет

C +

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

C +

Американците нападнаа три пловила во Пацификот: Дали ова е вовед во нападите врз Венецуела?

C +
error: Соддржината е заштитена.