Centar.mk
СВЕТ

Шумски пожар во популарно турско одморалиште: „Продолжуваме со воздушна и копнена интервенција“

Шумски пожар избувна во неделата во областа Лара во турското летувалиште Анталија, каде што се наоѓа хотелски комплекс, соопшти градоначалникот на градот, Мухитин Бејек.

„Продолжуваме со воздушната и копнената интервенција за гаснење на пожарот што избувна во шумската област во регионот Лара“, изјави тој на социјалната мрежа „Икс“.

Бејек додаде дека властите се во состојба на готовност поради зголемениот ризик од шумски пожари истакнувајќи дека моментната температура во Анталија е 36 степени. Претходно денеска, беше објавено дека големи шумски пожари ги зафатија турските провинции Чанаккале, Измир и Ајдин.

Во провинцијата Чанаккале пожар зафати земјоделско земјиште во регионот Езине. Спасувачите морале да ги евакуираат жителите на неколку села. Шумски пожари ги зафатија областите во близина на градовите Бурса, Едрене, Баликесир, Караман и Караманмарас./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКАТА БЕЗБЕДНОСТ ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА – Нови разговори по средбите во Абу Даби

ДЕСК

МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА – Украина употребила речиси 1.200 беспилотни летала

ДЕСК

ЕКСПЛОЗИЈА НА АВТОМОБИЛ ВО МОСКВА – Тешко повреден поранешен соработник на украински премиер

ДЕСК