24.8 C
Скопје
14. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Метежот на ГП Табановце е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.

Воедно, Ве известуваме дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба.