Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Над 300.000 граѓани ќе добијат повисоки пензии за 5.000 денари

-Премиерот Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат одговорност на дело кон највозрасната категорија на граѓани. Во првата недела од мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука за линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари на сите пензионери, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Над 300.000 граѓани ќе добијат повисоки пензии за 5.000 денари, односно најниската пензија од септември ќе биде 15.600 денари, додека пак просечната пензија ќе ја надмине минималната плата во државата. Првото покачување од 2.500 денари пензионерите ќе го добијат веќе во септември, а другото покачување од истиот износ ќе го добијат во март следната година. Животниот стандард и квалитетен живот на пензионерите и сите граѓани се приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ вети, ВМРО-ДПМНЕ реализира. Пензионерите заслужуваат мирен и достоинствен живот“, велат од партијата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК