Centar.mk
СВЕТ

Четиринаесетгодишно девојче е киднапирано во Грција, во месноста Лариса

Четиринаесетгодишно девојче е киднапирано во Грција, во месноста Лариса, а активирана е „Амберт алерт“ – килибарна тревога. Девојчето Хрисула Хрисобаланти исчезнало на 27 јуни околу 20.30 часот. Се претпоставува дека девојчето било киднапирано од постаро лице.

Медиумите пренесуваат дека девојчето е високо 155 сантиметри, тешко 55 килограми, долга кафена коса и темнозелени очи.

Во моментот на нејзиното исчезнување носела зелени бермуди, бела маица и бели влечки.

Грчките власти пред неколку дена известија дека трагаат по девојчето Константина-Ирини Р.(16), кое исчезна од предградието Ахарнес во Атина.

Според грчките медиуми, девојчето последен пат била видена во неделата на 16 јуни во вечерните часови./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ајкула уби 38-годишен маж од Австралија, сопругата: Тој живееше и дишеше за океанот

C +

Маѓар до унгарскиот претседател: „Мораш да си заминеш, и ќе си заминеш“

C +

Германија предупредува за последиците од војната во Иран и блокадата на Ормускиот теснец

C +