32.8 C
Скопје
13. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Вучиќ го посети повредениот полицаец, му честиташе за неговата смиреност и храброст

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска го посети повредениот припадник на Жандармеријата Милош Јевремовиќ (34), кој откако беше ранет од самострел, беше опериран и е во стабилна состојба.

„Пресреќен сум што Јевремовиќ Милош се чувствува добро по операцијата. Му честитав на Милош за неговата извонредна храброст, неговата смиреност и успешно завршената задача во борбата со терористот. Србија нема да има милост кон терористите“, напиша Вучиќ на фотографијата со ранетиот полицаец.

„Им честитам на командирите и на сите во полициските сили за исклучителното однесување на Милош Јевремовиќ, ќе му се оддаде почест штом ќе ја напушти болницата. Важно е што нашиот херој Милош е жив и здрав, покажа како треба да се реагира во таков момент“, изјави претседателот на Србија.

Непознато лице денес со самострел тешко го рани припадникот на жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува израелската амбасада.

Припадникот на жандармеријата употребил оружје во самоодбрана и го победил напаѓачот, кој од здобиените повреди починал.

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека во Белград е уапсено уште едно лице под сомнение за терористичко здружување.

„Во Белград е уапсено уште едно лице осомничено за терористичко здружување. Станува збор за лице од Белград, родено 1999 година, кое веќе беше уапсено пред две години бидејќи бил администратор на неколку милитантни групи на Интернет кои повикувале на џихад“, соопшти Дачиќ.

Тој објасни дека случајот против него и понатаму се води, а тој е пуштен од притвор./Извор:Makfax