Centar.mk
СВЕТ

„Тешко е да се расправаш со лажго“: се огласи тимот на Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден не се откажува од трката за реизбор, изјави денеска неговиот претставник од кампањата по дебатата против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, од која некои демократи не беа задоволни.

„Се разбира дека нема да се откаже“, рече портпаролот на кампањата на Бајден, Сет Шустер, пренесува „Хил“.

По дебатата и Бајден потврди дека нема да се откаже од трката за нов четиригодишен мандат.

„Тешко е да се расправате со лажго. „Њујорк тајмс“ истакна дека тој лажел 26 пати“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Трамп.

По настапот во дебатата во четвртокот вечерта со Трамп, Бајден беше широко критикуван од демократите, а некои признаа дека тоа ќе ги поттикне дискусиите за тоа дали претседателот треба да биде сменет пред националната конвенција во август, каде демократите формално ќе го номинираат својот кандидат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп има нападнато најмногу земји од кој било друг претседател на САД

C +

Италија планира да испрати помош за воздушна одбрана до земјите од Персискиот Залив

C +

Иран: Турција е пријателска земја, не лансиравме ракета кон неа

C +