Centar.mk
БИЗНИС

Од полноќ се зголемува цената на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52 % во однос на одлуката од 24.6.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,061%, кај дизелот 0,419%, кај екстра лесното масло за 0,400% и кај мазутот зголемувањето е за 3,489%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,008%

Од 29.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 47,928 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,208 ден/кг и сега ќе изнесува 47,928 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година

ДЕСК

ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

C +