21.8 C
Скопје
24. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Земјите од ЕУ кои се граничат со Русија и Белорусија бараат повеќе пари за заштита на границите

Земјите-членки на ЕУ, Полска, Естонија, Литванија и Летонија го повикуваат блокот да обезбеди поголема поддршка за воена и цивилна заштита на нивните граници со Русија и Белорусија.

Нагласувајќи ја „непоколебливата поддршка за Украина“, земјите рекоа: „мора да трошиме повеќе и да ги координираме одбранбените иницијативи во рамките на ЕУ и со НАТО, што останува основа на колективната одбрана, комбинирајќи ги нашите способности за заштита, одвраќање и одбрана на нашиот народ и нашата територија.

„Ние сме цврсти поддржувачи на воените напори на Украина и инвестираме многу во нашите вооружени сили, производство на одбрана и заштита на нашите граници со Русија и Белорусија“, додаваат тие. „Сепак, треба да се направи многу повеќе на покоординиран начин“.

Меѓу другото, тие ги наведоа „инструментализацијата на мигрантите, саботажата, дезинформациите“, како и сајбер нападите како конкретни закани кои доаѓаат од Русија и нејзиниот сојузник Белорусија, кои се прашања кои на крајот ја засегаат целата ЕУ, се вели во писмото потпишано од премиерот на Полска, Доналд Туск, премиерот на Естонија Каја Калас, претседателот на Литванија, Гитанас Науседа и премиерот на Латвија, Евика Силина.

Полска и балтичките земји се меѓу најотворените поддржувачи на Украина по руската инвазија. Нивното барање доаѓа во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ закажан за четврток и петок, на кој треба да се договорат за поделба на главните должности во Европската Унија по недамнешните европски избори.

Лидерите на ЕУ треба да разговараат и за војната меѓу Израел и Хамас, финансирањето на одбранбената индустрија, економската конкурентност и да усвојат стратешка програма за следните пет години. Во Брисел се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе го потпише безбедносниот договор со ЕУ и ќе ги информира лидерите на ЕУ за ситуацијата на линијата на фронтот во Украина./Извор:Makfax