23.8 C
Скопје
22. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израелски министер: Американскиот народ е наше семејство и секое семејство има несогласувања

Израел и САД остануваат обединети и покрај нивните разлики, изјави израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант во Вашингтон каде што разговараше со неговиот американски колега Лојд Остин и другите членови на американската администрација.

Осврнувајќи се на критиките за американското оружје од страна на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Галант рече: „Во секое семејство, и ние го сметаме американскиот народ наше семејство, може да се појават несогласувања. Сепак, како и сите семејства, ние зборуваме за нашите разлики внатре во куќата и останавме обединети“.

Нетанјаху постојано употребува остри зборови за да ги критикува САД за наводно задржување на испораката на оружје, обвинувајќи дека има „драматичен пад на испораката на оружје за Израел од САД“.

Бени Ганц, до неодамна министер за воен кабинет на Израел, ја понуди својата поддршка на Галант во изјавата објавена во средата, велејќи дека тие решиле многу прашања со израелските пријатели зад затворени врати во последните месеци, вклучувајќи го и прашањето за муницијата.

„Непотребниот конфликт што премиерот го создава од политички причини може да му обезбеди неколку поени кај неговите поддржувачи, но да им наштети на стратешките односи со САД, што е составен дел од нашата способност да ја добиеме војната“, рече Ганц.

САД задржаа одредени испораки за Израел во обид да го принудат на умерена офанзива околу Рафах во јужниот дел на Појасот Газа./Извор:Makfax