21.8 C
Скопје
13. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Приведени крадци во Куманово, одземеното вратено на сопственикот

На 26.06.2024 во 13.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.М.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово поради тоа што на 23.06.2024 извршиле кражба од трговски објект на улицата „Октомвриска револуција“ во Куманово, при што одзеле повеќе предмети, соопшти МВР.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.