Centar.mk
СВЕТ

Најмалку 15 полицајци и неколку цивили убиени во кординарани терористички напади во Русија

Во терористичките напади во Дербент и Махачкала, во јужната руска република Дагестан, загинаа повеќе од 15 полицајци и неколку цивили, соопшти денеска гувернерот Сергеј Меликов за новиот биланс на нападите.

Во неделата беа извршени неколку напади врз синагога и црква во Дербент, како и врз православна црква и две полициски станици во Махачкала. Во овие градови е воведен режим на антитерористичка операција, соопштија дагестанските власти.

„Повеќе од 15 полицајци се жртви на терористички напад“, изјави Меликов на својот канал на „Телеграм“ по резултатите од оперативниот штаб формиран по нападите во Дербент и Махачкала./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Сакам војната да се заврши за еден месец, му рекол Трамп на Зеленски

C +

Иран и САД ги продолжуваат нуклеарните разговори, тече рокот на Трамп за постигнување договор

C +

Трамп сака до Денот на независноста да ја запре војната во Украина

C +