Centar.mk
СВЕТ

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди Венецуела

Венецуела денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот се случил рано утринава, по средноевропско време, на длабочина од 84 километри, се наведува на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 41 километар северозападно од градот Гуирија и 82 километри североисточно од градот Карупано.

Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Над 200 сомнителни смртни случаи од ебола во Конго

C +

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира

C +

Тајната служба ликвидираше вооружен маж кој пукаше кај Белата куќа

C +