Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Времето сончево, попладне со услови за интензивен пороен дожд, ветер и град

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. UV=8, јавува УХМР.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на следната седмица во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Ќе се задржи топло време, но со постепено опаѓање на дневната температура./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

ДЕСК

УШТЕ ЕДЕН ОПШТ НЕРАБОТЕН ДЕН ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА – Еве кога се празнува и кој ќе одмора

ДЕСК

СДСМ: Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?

ДЕСК