Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Постои опасност пожарот во Кичевско да навлезе во букова шума – се гасне од земја, од воздух, а се приклучи на населението

Осум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие, а од вчерашните е активен се уште пожарот во реон кај селото Цер, Кичевско.

Пожарот избувна на 17 јуни на местото викано „Рамнин“, во атарот на селото Цер (Општина Кичево), каде што почнала да гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека. За настаната состојба веднаш биле известени Општина Кичево, ТППЕ Кичево и Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ во Кичево, ДЗС и МВР, информираат од ЦУК.

Во текот на вчерачниот ден, Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ не учествувале во гасење на шумскиот пожар, освен што интервенирале 20-тина граѓани од месното население, а е интервенирано од воздух со хеликоптер на МВР, што во 7 до 8 наврати истурил вода на опожарениот простор, при што бил неутрализиран еден крак од пожарот.

И покрај ваквите интервенции пожарот не е целосно изгаснат и е се уште активен и постои опасност пожарот да навлезе во букова шума, а во тој случај многу тешко би можел да се контролира.

За денеска е планирано во утрински часови Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ со својата екипа, а и месното население да интервенираат заедно со воздушна поддршка од страна на МВР на гасење на пожарот .

Другите седум пожари на отворено се изгаснати целосно.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК

Следува продолжен викенд – ова се преостанатите неработни денови до крајот на 2025

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.