Centar.mk
СВЕТ

Американскиoт носач на авиони стигна во Јужна Кореја, откако Путин пред неколку дена беше во Северна

Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон Теодор Рузвелт денеска пристигна во јужнокорејскиот пристанишен град Бусан на заеднички воени вежби овој месец со земјата домаќин и Јапонија, соопшти јужнокорејската морнарица.

Лидерите на трите држави се согласија на самитот во Кемп Дејвид во август 2023 година да одржат годишни воени вежби и го осудија „опасното и агресивно однесување“ на Кина во спорниот воден пат на Јужното Кинеско Море.

Претходно неделава, рускиот претседател Владимир Путин ја посети Северна Кореја оваа недела за прв пат по 24 години и потпиша договор со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој вклучува ветување за взаемна одбрана.

Тоа беше еден од најзначајните потези на Русија во Азија во последните години, а Ким рече дека тоа значи сојуз. Посетата доаѓа седум месеци по патувањето во Јужна Кореја на друг американски носач на авиони, Карл Винсон, чија цел беше да ја одврати Северна Кореја од нејзината нуклеарна и ракетна програма./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Време е да се свртиме кон други теми по Епстин

ДЕСК

Бил Гејтс за Епстин: „Жалам“

ДЕСК

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

ДЕСК