24.8 C
Скопје
20. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

Концерти, фестивали, кино на отворено – Halk EZ ја отвора сезоната на кул искуства за своите корисници

На првиот ден од летото, новиот банкарски пакет за млади Halk EZ ја најавува сезоната на изненадувања и подароци за своите корисници. Концерти, фестивали, кино на отворено се само дел од искуствата кои Халкбанк ќе им ги овозможи на младите како дел од активностите во рамки на пакетот Halk EZ, кој покрај банкарски услуги, претставува и платформа за едукација, забава, дружење и вмрежување.

Во рамките на овие активности, во тек е наградната игра „Стани дел од Halk EZ заедницата и стигни до EXIT 2024“ преку која ќе бидат доделени пет ВИП влезници за двајца за еден од најголемите музички фестивали во Европа. Наградата вклучува карти за EXIT, авионски превоз, хотелско сместување и возбудливи тури со џип и катамаран за две лица, а право на учество имаат сите млади на возраст од 18 до 24 години кои се корисници на пакетот Halk EZ.

Покрај ова, во претстојните недели, како дел од летната сезона на подароци, Halk EZ ќе додели влезници за два филмски фестивали на отворено – Beach Film Festival во Охрид и Галичник филм фестивал, Sunset Session забавата во Љубаниште и Street Food Festival кој наредната недела ќе се одржи во Скопје.

„Младите постојано се во фокусот на работата на Халкбанк и како дел од нашата стратегија за општествена одговорност спроведуваме низа активности со кои ги поддржуваме нивната едукација, развој и напредок. Со оглед на тоа што летото е време за опуштање и уживање во интересни содржини, одлучивме да ги поттикнеме младите да посетуваат реномирани културни и забавни настани во Македонија и регионот и да стекнат вредни искуства“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.

Пакетот Halk EZ (Halk Easy) е создаден за да одговара на секојдневните потреби на сите млади луѓе, студенти, средношколци, млади претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. Тој нуди беспплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.