Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прегазена мечка на патниот правец Гостивар – Охрид

Регионалниот ЦУК Тетово известува, дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна несреќа, при што возило удрило во мечка – утрово во 05.37 часот.

Повредени во патничкото возило нема, додека мечката починала на лице место. Настанот се случил на патниот правец Гостивар-Охрид, кај вториот каменолом. На местото на несреќата присутни се полициски службеници од ПС Гостивар и увидна.

Исто така известени се и Национален Парк Маврово и ТППЕ Гостивар за отстранување починатата мечка од магистралниот пат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +

Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

C +

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

C +