Centar.mk
СВЕТ

Апелацискиот суд го одби барањето на Трамп за укинување на забраната за јавен говор

Апелациониот суд во Њујорк го отфрли барањето на Доналд Трамп за укинување на забраната за јавно говорење во судскиот процес за поткуп, кој второстепено се води против поранешниот американски претседател.

Највисоката судска инстанца го отфрли барањето повторно да ја разгледа забраната за јавно говорење, што му ја наметна, на поранешниот претседател, судијата што води кривична постапка против Трамп за поткуп, јавува Еј-би-си Њуз.

Судијата Хуан Меркан му забрани на Трамп јавно да зборува за сведоци, поротници и други лица поврзани со неговиот криминален случај, кој заврши со пресуда минатиот месец.

Апелациониот суд ја потврди забраната за јавен говор, објаснувајќи дека судијата Меркан „правилно ги избалансирал правата на Трамп според Првиот амандман“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трагедија на екскурзија во Грција: 15-годишен ученик паднал од хотелска тераса, лекарите не можеле да го спасат

C +

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

C +

Украина ја обвини Унгарија за киднапирање седум банкари и кражба на пари

C +