Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Сообраќајка кај село Брајковци, тешко повреден маж од валандовско

На 17.06.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат 1401, делница помеѓу село Страниште и „Марвинска клучка“, кај село Брајковци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.А.(50) од село Балинци, валандовско и патничко возило „фолксваген пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(35) од село Марвинци, валандовско, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Н., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК