23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Серија апсења низ Македонија

Денеска (16.06.2024) во 03.30 часот во с.Шишево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице(25) од с.Шишево. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од пет години и 11 месеци за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето e спроведенo во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната..

На 15.06.2024 во 23.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.06.2024 во 00.10 часот на ул„Борка Лопач“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода лицето(22) и лицето(23), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.06.2024 во 04.00 часот во Меморијалниот центар во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода лицето(29) и лицето(22), двајцата од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени кокаин, хероин и таблети. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

На 15.06.2024 во 13.20 часот во Градско, полициски службеници од Полициската канцеларија Градско го привеле лице лице од с.Кадино село, прилепско, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.