Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографија: Центар.мк
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Можно невреме, а потоа нов раст на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Во првите два дена од следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува период на стабилно и топло време со постепен пораст на дневната температура.

Прогноза за 17.06.2024
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 35°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со повремен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. UV=7

Прогноза за 18.06.2024
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 29°C до 36°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови особено во источните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со ретки грмежи. UV=8

Прогноза за 19.06.2024
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 37°C

Претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. UV=8

Можеби ќе ве интересира

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир, 25 години од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН

ДЕСК

Меморандум на МОН и ИНОФЕИТ за соработка во унапредувањето на дигиталните вештини на наставниците, со фокус на вештачката интелигенција

ДЕСК