Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Истрага за двојното убиство во Кратово

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила кривичнo делo – Убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

При вршење семејно насилство на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка и определи 30-дневен притвор на осомничената.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ со 161 амандман само за општините – за градинки, водоводи, локални патишта и домови за стари лица

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 70 КМ/Ч ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Денеска до 24 степени, вечерва локален дожд

ДЕСК

ЗИМСКАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА – Правилото важи и кога времето е топло

ДЕСК