Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај на 16.06.2024 (недела) во општина Илинден

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре 16.06.2024 (недела) во периодот од 12.00 часот до 16.00 часот, поради одржување на велосипедска трка „Трофеј Илинден“ во организација на општина Илинден, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Трасата на движење на учесниците на велосипедската трка за рекреативци ќе биде од спортска сала Гоце Делчев, по ул.„9“, ул.„8“ до целта – спортска сала Гоце Делчев, додека трасата на движење на учесниците на велосипедската трка за професионалци ќе биде од спортска сала Гоце Делчев кон општинската зграда Илинден, преку надвозникот во н.Илинден кон Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино, Марино до целта – спортска сала Гоце Делчев.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК