Centar.mk
СВЕТ

(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на расправата за поголема регионална автономија.

Леонардо Доно од популистичкото „Движење пет ѕвезди“ прво бил турнат, а потоа соборен на подот, јавуваат италијанските медиуми.

Причината е дебатата за диференцирана автономија на регионите, со што регионите би добиле поголема моќ, а опозицијата остро се спротивстави.

Дел од опозицијата ја пееја химната и ги истакнаа знамињата на таа земја, а кога Доно се обиде да му го предаде знамето на еден од министрите, дојде до туркање.

Се уште не е јасно дали паднал сам или некој го турнал. Се известува и дека еден од чуварите кој се обидел да интервенира за да го прекине конфликтот е повреден.

Никола Фратојани, еден од пратениците, изјави дека Дон бил удрен неколку пати во главата, поради што паднал на земја. Потоа му се слошило и му била потребна интервенција на лекарите кои го однеле во инвалидска количка.

Седницата е прекината и се разгледуваат снимките за можни мерки по овој инцидент./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран: Ниту еден литар нафта нема да го напушти регионот ако продолжат нападите

C +

Макрон: Ни треба нуклеарна енергија, двигател на напредокот и независноста

C +

Премиерот на Ирак до САД: Нашата територија не е база за војна

C +