14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Заев и Ципрас: ЕУ и меѓународната заедница мора јасно да укажат дека Преспанскиот договор е едиснтвениот пат кон демократска интеграција

„По изборите во Северна Македонија, новото мнозинство имаше провокативни изјави и го прекши текстот и духот на Преспанскиот договор. ЕУ и меѓународната заедниац мора да стават на знаење дека почитувањето на договорот е едиснтвениот пат до понатамошна демократска интеграција, до члнество во ЕУ и предпристапна помош“ пишуваат поранешните премиери на Северна Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за „Еурактив“.

Тие додаваат дека кршењето на договорот ќе придонесе за дополнителна дестабилизација на регионот и ќе ја доведе во прашање европската, но и општо иднината на Северна Македонија.

„Доколку овој услов е испочитуван, ЕУ мора да биде подготвена да го напушти пристапот кој го гледаме изминатите шест години и да започне проактивна улога кон проширувањето“ порачуваат Заев и Ципрас.

Тие додаваат дека треба да се покаже на земјите од регионот мора да им биде јасно дека мирното решавање на разликите носи бенефити за граѓаните на Балканот и за владите и дека жртвите се наградуваат.

„Како што зајакнува крајната десница, демократите, умерените и прогресивните лидери мора да соработуваат и да ги удвојат нивните напори против национализмот.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.