39.8 C
Скопје
15. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Подгответе се за невреме и драстичен пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за времето за следните денови

Утре ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Во ноќните часови и во петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Потоа за време на викендот ќе преовладува стабилно време, а во почетокот на следната седмица ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 14.06.2024
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 24°C до 31°C

Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. UV=6

Прогноза за 15.06.2024
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 26°C до 34°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=8

Прогноза за 16.06.2024
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 28°C до 37°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. УВ=8