Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шолц на конференцијата за обнова на Украина: Потребни се повеќе системи за противвоздушна одбрана

Германскиот канцелар Олаф Шолц, денеска, на отворањето на конференцијата за обнова на Украина во Берлин, изјави дека на Киев му требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана.

„Би сакал да упатам искрено барање до сите овде: ве молиме, поддржете ја нашата иницијатива за зајакнување на воздушната одбрана на Украина што е можно повеќе“, рече Шолц на отворањето на дводневната конференција, на која присуствуваа речиси 2.000 претставници од 60 земји.

Тој посочи дека компаниите имаат клучна улога во обновувањето на Украина, но дека е неопходно да им се објаснат причините зошто треба да инвестираат во неа, пренесува „Дојче веле“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Фон дер Лајен: ЕУ треба да ги поедностави регулативите

C +

ЕУ одобри 90 милијарди евра за Украина

C +

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

C +