Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведени дилери

На 10.06.2024 околу 16.00 часот во Велес, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода С.Т.(49), Л.Л.(37), Р.С.(32) и С.Л.(29), сите од Велес, соопшти МВР.

-При претрес во домот на С.Т. и Л.Л., извршен со судска наредба и во соработка со Единицата за службени кучиња, а во кој биле затекнати Р.С. и С.Л., кај С.Т. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и една дигитална вага, додека кај Л.Л. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја , таблети екстази, две дигитални ваги и пиштол „Екол“, извести полицијата.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +