34.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Обновата на Украина, според претседателката Сиљановска Давкова е и обнова на европската и на светската солидарност и емпатија

Изјава на претседателката Сиљановска Давкова на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествуваше на Конференцијата за обнова на Украина, што се одржува во Берлин.

Претседателката Сиљановска Давкова за време на своето учество на конференцијата ја истакна потребата за нов вид Маршалов план за разрушената Украина и неопходноста за инвестирање не само во патната и во енергетската инфраструктура, туку и во човечката, образовна, социјална и нормативна инфраструктура.

Обновата на Украина, според претседателката Сиљановска Давкова е и обнова на европската и на светската солидарност и емпатија.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази надеж дека македонската и украинската иднина ќе биде во Европската Унија.