22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Човек од Ниш е уапсен поради злоупотреба на животни: полицијата пронашла два питбула со повредени глави и нозе

Припадници на МВР во Ниш ќе поднесат кривична пријава против четириесет и тригодишен маж од околината на овој град поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убивање и малтретирање животни.

Тој е осомничен дека во својот двор чувал девет кучиња за кои адекватно не се грижел, а полицијата пронашла два питбула со повредени глави и нозе, се вели во пријавата.

Повредените кучиња ги прими здружение за заштита на животни за да им помогнат ветеринарите./Извор:Makfax