Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Конференција за обнова на Украина во Берлин

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на 11 и 12 јуни 2024 година, во Берлин, Сојузна Република Германија ќе учествува на Конференцијата за обнова на Украина.

На конференцијата, чии домаќини се германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, е предвидено учество на шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации, на бизнис и граѓанскиот сектор.

Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да има свое обраќање на настанот.

Конференцијата е продолжение на серијата годишни настани на високо ниво посветени на брзо закрепнување и долготрајна реконструкција на Украина, по почетокот на руската воена агресија. Клучна цел на настанот е да се обезбеди континуирана меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица

C +

Од понеделник значителна промена на времето, се најавуваат обилни врнежи од дожд и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Сообраќајка на патот Струмица – Радовиш, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува

ДЕСК