Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ЦУК: Внимателно на 10, 11 12 јуни, од 07.00 до 15.00 часот, има најава за бојно гаѓање на стрелиштето „Еребино“, Општина Желино, а се најде неексплодирано убојно средство се пријавува на 112

Регионалниот ЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од СВР Тетово, дека на 10, 11 12 јуни, во период од 07.00 до 15.00 часот, ќе се изврши бојно гаѓање од страна на припадниците на тетовската полиција на стрелиштето „Еребино“, Општина Желино.

Се известуваат граѓаните дека во тој реон ќе се слушаат детонации од гаѓањето, а потоа ако пронајдат одредени неексплодирани проектили, да не ги фаќаат и да не ги поместуваат, туку едноставно да ја пријават нивната локација на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи.

Потоа, неексплодираните убојни средства ќе бидат безбедно пренесени и неутрализирани од страна на надлежните служби и институции од Системот за управување со кризи (СУК).

Можеби ќе ве интересира

Убиство ја потресе Македонија: Пронајдено безживотно тело на маж со прострелна рана од огнено оружје

ДЕСК

ЛИЦА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО КАРПОШ ПРИ КОНТРОЛА НА НОЌНИ КЛУБОВИ: Жестока реакција на Независниот синдикат на полицијата

ДЕСК

Полицијата упадна во повеќе кафичи и казина во Карпош – Има приведени и уапсени

ДЕСК