34.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ТЕМПЕРАТУРИ НАД 40 СТЕПЕНИ – Метеоцентар ја објави најновата прогнзоа

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува до 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи, особено утре.

Прогноза за 11.06.2024
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 31°C до 39°C

Сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. UV=8

Прогноза за 12.06.2024
Минимална температура: 14°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 40°C

Сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. UV=8

Прогноза за 13.06.202
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 31°C до 38°C

Сончево и многу топло со умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен угозападен ветер. UV=8